Могерини: РФ останува партнер на ЕУ

Русија останува партнер за многу меѓународни прашања, изјави високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, пренесува ТАСС.

Русија останува партнер за многу меѓународни прашања. Ова во интервјуто за италијанскиот весник Кориере дела Сера го изјави високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, пренесува ТАСС.

„РФ останува партнер во решавањето на многу меѓународни проблеми – во борбата со тероризмот, решението за Блискиот Исток, преговорите со Иран и сириската криза. Нејзиниот придонес е многу важен“, рече Могерини.

Таа истакна дека нема намера да го поставува во Советот на ЕУ  прашањето за испорака на оружје на Украина. „Прашањето за испорака на оружје на Украина е одлука на секоја држава поединечно, а не на ЕУ“, објасни таа, додавајќи дека нема намера да го постави тоа  прашање „не затоа што тоа може да ги подели членките на ЕУ, туку затоа што таквата одлука е несоодветна и нема да помогне за излез од кризата.“

Могерини високо го оцени резултатот од последните разговори во Минск на „нормандиската четворка“, но забележа дека постигнатиот договор е „многу ранлив“. Покрај тоа, таа укажа дека тоа е „европска иницијатива“ и дека таа не се смета себеси за исклучена од преговарачкиот процес.

Во однос на мерките со санкции, шефицата на европската дипломатија истакна дека „санкциите секогаш зависеле од ситуацијата“. „Секогаш се почитуваше принципот дека санкциите можат да бидат повлечени во случај на подобрување и обратно, доколку ситуацијата се влоши“, рече Могерини.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња