„Гаспром“ и Турција го усогласија копнениот дел од „Турски тек“ за истражувања

„Гаспром“ и Турција го усогласија копнениот дел од „Турски тек“ за понатамошни истражувања, потврди првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер, пренесува ТАСС.

„Гаспром“ и Турција го усогласија копнениот дел од „Турски тек“ за понатамошни истражувања. Ова го потврди првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер, одговарајќи на прашањето на новинарите за исходот од посетата на Турција. „Определен е и зацртан на картата и копнениот дел од гасоводот „Турски тек“ за понатамошни истражувања и проектирања. И тоа е најважното!“, изјави тој. Информацијата ја пренесува ТАСС.

Должината на гасоводот на копно ќе изнесува 180 км, а место на излегување на копно ќе биде реонот на населеното место Кајакеј, место за предавање на гасот за турските потрошувачи ќе биде Луле-Бургас, а реонот на излез на турско-грчката граница ќе биде во месноста Епсила.

Во најскоро време се очекува добивање дозвола за вршење проектно-истражувачки  работи на новиот турски, морски дел од гасоводот.

„Гаспром“ е подготвен да испорачува во Европа преку „Турски тек“ 47 милијарди кубни метри годишно и да ја заврши изградбата на првиот крак од гасоводот во декември 2016 година.

„При проектирањето ќе биде земена предвид зголемата потрошувачка на природен гас во околината на Истанбул, во врска со тоа е прецизиран обемот на гас кој ќе се испорачува на границата меѓу Турција и Грција - 47 милијарди кубни метри. Капацитетот на морскиот гасовод од Русија за Турција ќе изнесува 63 милијарди кубни метри годишно, првичниот рок за завршување на изградбата на првиот крак е декември 2016 година“, информира „Гаспром“.

Како што претходно информираше ТАСС, на 1 декември 2014 година „Гаспром“ и турската Botas потпишаа меморандум за меѓусебно разбирање за изградба на морски гасовод од Русија до Турција преку Црното море. Капацитетот на гасоводот ќе изнесува 63 милијарди кубни метри гас, од кои околу 50 милијарди кубни метри ќе се испорачува за новата гасоводна мрежа на турско-грчката граница. Со изградба на гасоводот ќе се занимава компанијата „Гаспром Рускаја“.

„Турски тек“ ќе стане алтернатива на проектот „Јужен тек“ за чиј прекин на рализацијата Русија соопшти во декември минатата година. Трасата на „Турски тек“ во поголем дел од маршрутата по дното на Црното море ќе се совпаѓа со претходно усогласената траса на „Јужен тек“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.