Првиот човек на МНР РФ Сергеј Лавров и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во текот на првите официјални разговори на маргините на Минхенската конференција за безбедност ги потврдија разидувањата во врска со изворите и последиците на украинската криза, и ја потврдија подготвеноста да одржуваат врска преку постојаната мисија на Русија во Алијансата, им изјави на новинарите извор во руската делегација.
„Се одржа првиот контакт на рускиот министер со неодамна избраниот генерален секретар. Беа дискутирани проблематични прашања поврзани со замрзнувањето на билатералната соработка. Беше потврдена заемната подготвеност да се одржува врска преку постојаната мисија во НАТО. Беа потврдени несогласувањата на страните во врска со изворите и последиците од внатреукраинскиот конфликт“, рече изворот, одговарајќи на прашање на РИА Новости
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче