Се реализираше првото лансирање за 2015 година на ракета „Протон“. Носителот и меѓуорбиталното летало „Бриз-М“, како што се очекува, ќе изнесат во орбитата британски телекомуникациски сателит. Ова е објавено на сајтот на Роскосмос.
![]() |
Легендите за Бајконур Сите легендарни вселенски одисеи на Советскиот Сојуз започнуваат од една точка на планетава: од космодромот Бајконур и далечните степи на Казахстан. |
Лансирањето е извршено со ракета-носител „Протон-М“ од лансирна рампа на космодромот Бајконур. Тоа е 402 старт во историјата на ракетите-носители од серијата „Протон“.
Сателитот Inmarsat 5F2 е произведен од фирмата Боинг. Комерцијалното лансирање е реализирано согласно спогодбата со руско-американското претпријатие ILS (International Launch Services). Inmarsat 5F2 е наменет за вршење комуникациски услуги во Северна и Јужна Америка. Тој е втор лансиран апарат од петтата генерација такви сателити. Првиот таков сателит беше лансиран во орбитата во декември 2013 година, исто така со руска ракета „Протон“.
Во 2014 година рускиот космодром во Казахстан стана светски лидер по бројот на лансирања. Минатата година од неговата територијата беа извршени 21 лансирање, од кои 19 беа успешни. Во 2015 година се очекува од космодромот Бајконур да се реализираат 23 лансирања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче