Близу 40 противпожарни возила го гаснеа пожарот во библиотеката на академскиот Институт за научно информирање за општествените науки (ИНИОН) на југозападот на Москва, соопшти за РИА Новости претставникот на оперативниот штаб на местото на настанот.
Пожарот во библиотеката ИНИОН во Москва настана во петокот вечерта. Според последните информации, пожарот зафаќа површина од 2000 метри квадратни. Во запалената зграда се сруши покривот на површина од 1000 метри квадратни.
ИНИОН е најголемиот научно-информативен центар во Русија на полето на општествените и хуманистичките науки. Неговата библиотека брои 14,2 милиони примероци напишани на стари, современи источни и европски јазици, како и на руски јазик. Исто така, библиотеката поседува и ретки изданија од XVI до почетокот на XX век.
Претседателот на Академијата на науките Владимир Фортов го спореди пожарот во библиотеката со хаваријата во Чернобил, пренесува „РИА Новости„.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче