Рејтинзите против рубљата

Рејтинзите на меѓународните агенции повторно си играат со руската економија. Имено, во последното оценување на Standard&Poor's кредитниот рејтинг на Русија е значително намален и тоа од ВВВ- на ВВ+.

Рејтинзите на меѓународните агенции повторно си играат со руската економија. Имено, во последното оценување на Standard&Poor's кредитниот рејтинг на Русија е значително намален и тоа од ВВВ- на ВВ+. 

Според  The Financial Times ваквото намалување на рејтингот претставува уште еден удар за Москва, која се судри со нагло паѓање на цените на нафтата, со постојано колебање на курсот на рубљата и со санкции од Западот, кои доведоа до затворање на пристапот до глобалниот пазар на капитал за руските фирми. Весникот смета дека намалувањето на рејтингот е резултат на заострувањето на ситуацијата на истокот од Украина, што би можело да значи и воведување дополнителни санкции за Русија. 

Весникот ги пренесува и прогнозите на Виктор Шабо од Aberdeen Asset Management, кој смета дека ситуацијата дополнително може да се влоши доколку државата се вмеша во случаите кога компаниите ќе станат инсолвентни и нема да можат да го поднесат финансискиот товар од страна на странските банки и инвеститори. Шабо исто така смета дека поради паѓањето на цената на нафтата „моделот на економски раст за Русија е изгубен“. 

Ваквото намалување на рејтингот на Русија од страна на Standard&Poor's веќе почна да ги покажува своите негативни резултати, кои во прв ред се одразија на уште еден пад на руската рубља.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња