Никита Михалков освои „Златен орел“ за најдобар руски филм во 2014 година

Церемонијата на доделувањето на филмските награди „Златен орел“ се одржа во петок, 23 јануари во филмското студио „Мосфилм“. За најдобар руски игран филм во 2014 година е прогласено остварувањето на Никита Михалков „Сончаница“, додека наградата на руската Академија на филмски уметности за најдобра режија ја доби овогодинешниот лауреат на „Златниот глобус“ Андреј Звјагинцев за филмот „Левијатан“.

Примајќи ја наградата, Михалков им се заблагодари на гледачите и на својата екипа, „на исклучителните луѓе кои дури и не сфаќаат дека создаваат чудо“. „Триесет и седум години тежнеевме да го снимиме овој филм и не ни можевме ни да претпоставиме дека тој толку ќе биде налик на она што денес  се случува околу нас“, изјави Михалков. 

Наградата за најдобро сценарио ја доби филмот на Андреј Кончаловски „Белите ноќи на поштарот Алексеј Трјапицин“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.