Патријархот Кирил предложи да се забрани абортусот

Според поглаварот на РПЦ, за почеток е потребно да се исклучи абортусот од услугите кои се пружаат во рамките на системот за задолжително здравствено осигурување.

Патријархот Кирил, настапувајќи пред пратениците на Државната дума, предложи да се забрани абортусот. Ова го пренесува „Рускаја служба новостеј“.

Според поглаварот на РПЦ, за почеток е потребно да се исклучи абортусот од услугите кои се пружаат во рамките на системот за задолжително здравствено осигурување.

Тој изјави дека го смета абортусот „за една од најголемите несреќи на Русија. Кога би успеале двојно да го намалиме бројот на абортуси, ние би имале постојан и силен демографски пораст.“  Исто така, тој го критикуваше сурогат-мајчинството. Тоа „го изопачува самиот поим за мајка“. Смета дека алтернатива за сурогат-мајчинството може да биде посвојување на сирачиња.

Патријархот првпат во историјата настапува пред пратениците на Државната дума и членовите на Советот на федерацијата. Настапот е во рамките на црковно-општествениот форум Божиќни читања. Оваа година темата е „Кнез Владимир. Цивилизацискиот избор на Русија.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.