Најголемиот во Русија годишен меѓународен форум за атомска енергетика „Атомекспо-2015“ по седми пат ќе се одржи од 1 до 3 јуни, а на форумот ќе се разговара за најактуелните проблеми во областа на светската атомска енергетика, како и правците за понатамошен развој, изјави прес-службата на „Атомекспо“.
Во рамките на „Атомекспо“ ќе се одржи специјализирана изложба и конгрес со учество на претставниците на меѓународните, државите и општествените организации, руските и странските компании, како и водечките експерти во сферата на атомската индустрија.
Традиционално ќе се одржат и тематски експозиции на кои ќе бидат претставени достигнувањата во оваа индустрија.
За прв пат форумот беше одржан во 2009 година во Москва. Во 2014 година во работата на овој форум зедоа учество 3.500 претставници и 600 организации, вклучувајќи 283 странски компании. На форумот дојдоа претставници од 42 држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче