Баварија сака да ги нормализира трговските односи со Русија

Негативното влијание на руските санкции врз земјоделскиот сектор на Баварија го натера министерот за земјоделство на областа да спроведе преговори со амбасадорот на Русија во рамките на меѓународниот саем „Зелена недела“ во Берлин.

Министерот за земјоделство на Баварија Хелмут Брунер планира да спроведе преговори со амбасадорот на Русија во рамките на меѓународниот саем за земјоделие „Зелена недела“ во Берлин поради негативното влијание на руските санкции врз земјоделскиот сектор во оваа федерална држава во Германија, соопштува германското издание Passauer Neue Presse.

Според зборовите на министерот, Баварија произведува повеќе земјоделски производи отколку што може да консумира, и, поради тоа, смета Бунер, партнерството со Русија е потребно за да се подобри ситуацијата во земјоделскиот сектор.

„За нас е важно да отвораме нови пазари, на пример, во земјите во развиј. Сепак, исто така, важно е да се зачуваат и постојните пазари, и, доколку може - да се прошири соработката. Затоа руската забрана за увоз на европски земјоделски производи нас силно нѐ погоди“, соопшти Хелмут Брунес. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња