На Крим ќе се појават беспилотни летала кои ќе го следат движењето на бродовите на НАТО

Нов полк со беспилотни летала ќе биде создаден во текот на 2015 во составот на морската авијација на Црноморската флота на Русија, изјави за РИА Новости претставник на Кримската воено-морска база.

Нов полк со беспилотни летала ќе биде создаден во текот на 2015 во составот на морската авијација на Црноморската флота на Русија, изјави за РИА Новости претставник на Кримската воено-морска база.

Четирипати повеќе беспилотни летала

„Беспилотните летала се потребни за вршење разузнавачки мисии на крајбрежјето и на отворено море. Засега во вооружувањето располагаме само со леталото „Орлан-10““, забележа изворот.

„Орланите“ се користат за следење на движењето на бродовите на НАТО во Црното море, но и за набљудување на полигоните каде се врши воена подготовка на флотата. Според зборовите на изворот од Кримката воена база, беспилотните летала од овој вид можат да летаат при било какво време.

Комплексот „Орлан-10“ се состои од базна станица и неколку беспилотни летала, превозувани на автомобил од марката УАЗ или „Рис“. Масата на апаратот изнесува околу 10 килограми. „Орлан“ е опремен со катапулт, може да пренесува видеосигнал на растојание до 120 километри и да лета повеќе од 10 часа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.