Czech Free Press: Јацењук лаже за СССР за да ја оправда својата политика

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук ја “продаде“ Украина на интересите на западните политичари, па сега користи било какви аргументи за да го оправда своето предавство, пишува чешкиот новинар Јуржи Батја на страниците на весникот Czech Free Press.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук ја “продаде“ Украина на интересите на западните политичари, па сега користи било какви аргументи за да го оправда своето предавство, пишува чешкиот новинар Јуржи Батја на страниците на весникот Czech Free Press.

Скандалозните изјави на Јацењук за улогата на СССР во Втората светска војна служат за да се се оправдаат сите негативни и трагични дејства кои сега ги презема украинската влада и претседателот, смета тој.

Според мислењето на новинарот, украинските власти не се заинтересирани за завршување на борбите на истокот на државата, ниту за регулирање на односите со Русија. Киев продолжува да ја засилува напрегнатоста под притисок на САД, и бара начини за да ја обвини Русија и нејзиниот претседател за да продолжат овие авантури на украинското раководство, смета Батја.

Притоа, „украинските власти немаат и нема да има никакви докази дека Русија сака да ја заземе Украина“, пишува тој.

Сепак, „да се измислуваат глупости, да се лаже и да се клевети е многу поедноставно отколку да се дадат добри аргументи и факти“. За да ја добие поддршката на граѓаните, Јацењук е подготвен дури да го обвини СССР дека ја започнал Втората светска војна, смета Јиржи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња