Европската унија е подготвена да ги ублажи санкциите против Русија и делумно да ги нормализира односите со Москва во случај таа да го промени ставот кон Украина, се наведува во документот кој го подготвува надворешнополитичкиот ресор на ЕУ, а во кој има увид новинар од весникот The Wall Street Journal. Овој документ би требало да биде разгледан за време на средбата на министрите за надворешни работи на државите на ЕУ на 19 јануари, а во наредните денови ќе биде претставен пред раководителите на надворешнополитичките ресори на државите на ЕУ, пренесува ТАСС.
„Иако со документот само се утврдува општиот правец на дискусија, тоа е првиот сериозен обид на државниците на ЕУ да ја разгледаат можноста за намалување на притисокот во односите, како и обид да се утврдат можните постапки доколку Русија се согласи да соработува“, пишува американскиот весник.
Според податоците на новинарите, во документите, меѓу другото, се наведува дека ЕУ е подготвена да ги ублажи санкциите и да го обнови дијалогот со Русија за одреден број прашања, особено оние кои се однесуваат на Европската економска унија, воведување безвизен режим, како и за ситуацијата во Либија, Сирија и Ирак.
Весникот истакнува дека овие промени зависат од тоа дали Москва ќе го почитува Минскиот договор за регулирање на ситуацијата во Украина, „договорот за испорака на гас“ во таа земја, како и од тоа каков став Русија ќе заземе околу прашањето за интеграција меѓу Украина и ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче