Политиколог: зголемувањето на цената на нафтата е само прашање на време

Саудиска Арабија се стреми да го замрзне развојот и производството на нафта од шкрилци во САД, но не планира во целост да ја уништува индустријата, смета Јан Бремер.

Светската економија неминовно ќе бара раст на цените на нафтата, а тоа е само прашање на време, изјави во интервју за The National Interest  професорот по политички науки и основач на Eurasia Group Јан Бремер.

„На пазарот му треба повисока цена за барел нафта“, смета тој. Прашање е само колку економскиот раст треба да се намали пред цените да почнат да растат.

Според мислењето на Бремер, резервите на Саудиска Арабија ѝ дозволуваат на земјата во краткорочна перспектива „комфорно да ја преживее бурата“, но на крај таа ќе мора да го намали производството за да ги стабилизира цените. Политикологот смета дека дури и за Саудиска Арабија ниското ниво на цените е изненадување, особено ако се земе предвид ситуацијата во Либија.

Откажувајќи се да го намали производството на нафтата, Саудиска Арабија сака да го намали „бумот на производството на нафта од шкрилци“ во САД, но не и во целост да ја уништи таа гранка.

Во Русија поради евтината нафта возможно е намалување на трошоците во буџетот, смета Бремер. Политикологот смета дека Русија и понатаму сѐ повеќе ќе се зближува со Кина, а таа соработка може „да земе форма на стратешка алијанса“. Во тој случај, како што смета Бремер, Москва и Пекинг можат со заеднички напори да ја ослабат позицијата на САД, вклучувајќи ја и финансиската. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња