Министерството за енергетика на Русија следната недела ќе организира состанок со шефовите на нафтените компании во Русија, на кој е планирано да се разговара за тековната состојба во индустријата. Засега руските нафтени производители не планираат да ги менуваат плановите за производство поради падот на цените на нафтата, изјави за новинарите министерот за енергетика на Русија Александар Новак.
„Ние со нив (нафтените компании) постојано разговараме за тековната ситуација. Следната недела ќе има уште еден состанок за сите прашања кои се однесуваат на индустријата. Засега нема официјални промени на политиките на компаниите“, изјави Новак.
Исто така, Новак не ја исклучува можноста за разгледување на роковите за реализација на некои инвестициски проекти. „Можеби компаниите ќе посакаат да ги одложат инвестициските проекти. Тоа ќе го покаже ситуацијата. Не може да се суди сега. Можеби средната цена на нафтата ќе биде исплатлива за нафтената сфера. Тоа ќе зависи од развојот на ситуацијата во блиска иднина“, забележа Новак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче