Кениг: Русија не треба да се грижи поради курсот на рубљата и цените на нафтата

Според него, обидите на САД да ја уништат руската економија се самоубиствени и непотребни. Експертот тоа го објаснува со тоа што САД и без Русија има доволно големи проблеми, особено на својот девизен пазар, и затоа шпекулациите со нафтата може само да се вратат како бумеранг.

Русија не треба да се грижи поради намалувањето на вредноста на рубљата и цените на нафтата, бидејќи избраната стратегија за зближување со Кина, државите на БРИКС и ШОС, создавањето на институти и механизми алтернативни на западниот финансиски систем – ќе ѝ донесат успех, смета Питер Кениг, аналитичар во областа на економијата и геополитката и поранешен соработник во Светската банка.

Според него, обидите на САД да ја уништат руската економија се самоубиствени и непотребни. Експертот тоа го објаснува со тоа што САД и без Русија има доволно големи проблеми, особено на својот девизен пазар, и затоа шпекулациите со нафтата може само да се вратат како бумеранг.

Американскиот долар добиен од трговијата со нафта е тесно поврзан со курсот на нафтените активи. САД се во состојба да влијаат на економиите и валутите на своите противници, особено на Русија, сѐ додека доларот останува единствена светска резервна валута. Тоа е главна причина, според мислењето на авторот, зошто САД сѐ уште се снаоѓаат лесно со колосалната задолженост на земјата.

И не само тоа, веднаш откако ќе исчезне побарувачката за долари во светот, а тоа ќе се случи доколку повеќе нафтата повеќе нема да се тргува во долари – вредноста на американската валута ќе започне да паѓа, што ќе доведе до појава на хиперинфлација во економиите кои користат долари.

Од тоа сценарио Вашингтон се плаши најмногу. На почетокот на миленумот Иран и Ирак се обидоа да го реализираат тој план, по што следуваа војните во Персискиот залив, како и економска изолација на Иран, забележува Кениг.

За да се спротивстават на диктатот на САД, Русија и Кина направија важни чекори. Во рамките на БРИКС беше создаден алтернативен финансиски систем, а трговијата меѓу држави се врши во националните валути, што води до пораст на резервите во руско-кинеското девизно конто. Овој нов систем наскоро ќе заземе од 25% до 33% во светската економија, и на тој начин ќе биде сосема автономен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња