Кризата на истокот на Украина ги покажува контурите на новата студена војна во Европа, изјави генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун пред Генералното собрание на ООН.
Зборувајќи за „големиот список на проблеми“ кои се појавиле во 2014 година, генералниот секретар посебно ја издвои ситуацијата во Украина.
„Конфликтот во Украина доведе до губење на животите на 4.000 лица. Тоа создава опасност за безбедноста и стабилноста во Европа, тоа ги покажува контурите на студената војна“, изјави тој.
Бан Ки Мун изјави дека едно од најголемите достигнувања во 2014 година е уништувањето на хемиското оружје во Сирија со помош на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче