Литванија може во рок од една година да го прекине емитувањето на два руски телевизиски канала „РТР-Планета“ и „НТВ-Мир“, пренесува Delfi, повикувајќи се на шефот на Комисијата за радиодифузија на Литванија Едмундас Вајтекунас.
„Ќе биде прекинато емитувањето на каналите... мислам дека две години се многу, до една година најмногу“, изјави Вајтекунас.
Според Комисијата за радиодифузија на Литванија, причината за прекин на емитувањето се лоцира во „предизвикувањето омраза и непочитување на принципите на новинарската етика“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче