Индија ќе купи Су-30 доколку пропадне зделката со француските „Рафали“

Индија разгледува можност за купување дополнителни ловци Су-30МКИ во случај да пропадне зделката со француските ловци „Рафал“, изјавија извори во министерството за одбрана на државата.

Индија разгледува можност за купување дополнителни ловци Су-30МКИ во случај да пропадне зделката со француските ловци „Рафал“, изјавија извори во министерството за одбрана на државата.

Руската одбранбена индустрија се преориентира

Во јануари 2012 „Рафал“ беше прогласен за победник во најголемиот меѓународен тендер во историјата на Индија за набавка на вооружување. Договорот за купување на 126 средни мултифункционални ловци за ВВС на Индија вреди повеќе од 10 милијарди долари.

Министерот за одбрана на Индија изјави дека преговорите со француската страна, кои траат повеќе од три години, поминуваат низ „тешкотии“, бидејќи француските произведувачи не ги прифаќаат условите кои ги наметнува ВВС на Индија во рамките на тендерот, пренесува изданието Defense Update. Според неговите зборови, производството на Су-30МКИ во Индија може да биде адекватна замена за француските „Рафали“.

Создавањето на секој ловец Су-30 во Индија би чилено 56 милиони долари, што е двапати помалку од вредноста на францускиот „Рафал“.

Ловците Су-30 веќе се една третина од Воздушно-воените сили на Индија. Договор за испорака на 42 авиона Су-30МКИ беше склучен во 2012 година. До февруари 2014 година Русија веќе испорача 28 од 42 ловци. 

Повеќе околу темата: Повеќенаменски ловец Су-30 (графикон)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња