Проектот за рускиот „реактор на иднината“ е готов

До 2030 година ќе биде донесено решение за изградба на три реактори од овој тип во Русија.

Создаден е техничкиот проект за усовршениот комерцијален реактор на брзи неутрони БН-1200, кој се планира да се искористи во атомската енергетика во иднина, изјави за новинарите генералниот директор на енергетскиот оддел на “Росатом“ Евгениј Романов.

Енергетските блокови со реакторите на брзи неутрони можат суштествено да ги намалат радиоактивните отпадоци и да ја зголемат продуктивноста. Технологии за “брзи“ реактори имаат многу малку држави, а Русија е светски лидер во тој правец.

Летото во 2013 година започна со работа во Белојарската нуклеарна централа првиот ректор на брзи неутрони БН-800. Тој послужи како прототип за создавање на реакторот БН-1200.

До 2030 година ќе биде донесено решение за изградба на три реактори од овој тип во Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.