Западни медиуми: ноемврискиот пад на рускиот БДП ги потврди прогнозите за рецесија во Русија во 2015

Според весникот, во 2015 година Русија ја чека рецесија.
Што се случуваше со руската економија во 2014?

Ноемврискиот пад на БДП во Русија послужи како потврда на прогнозите за рецесија во Русија во 2015 година, пишува The Wall Street Journal. Претходно беше соопштено дека БДП на Русија во јануари-ноември 2014 пораснал за 0,6% на годишно ниво. Притоа, само во ноември 2014 економијата паднала за 0,5%. Како што забележува американскиот весник, намалувањето на рускиот БДП е прво од 2009 година наваму.

Во статијата се кажува дека почетокот на годината бил дочекан оптимистично во Русија. Во земјата се одржа Олимпијадата во Сочи и цените на нафтата беа доста високи. Потоа се појавија западните санкции, одливот на капитал и наглото намалување на цените на нафтата. Се очекува показателите за декември да бидат понатамошно влошување на економската клима.

Според весникот, во 2015 година Русија ја чека рецесија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња