Рубљата ја заврши 2014 со намалување на вредноста од 41% кон доларот и 34% кон еврото

Рекордно висок курс доларот и еврото имаа на 16 декември, кога се менуваа за 80,1, односно за 100,74 рубљи.

Курсот на рубљата во 2014 година се намали за 41% кон доларот и 35% кон еврото, сведочат податоците на Московската берза. Доларот на последниот ден од тргнувањето на берзата во Москва се менуваше за 56 рубљи, додека еврото за 68,65 рубљи. Во 2013 година за еден долар се добиваа 32,84 рубљи, а за едно евро – 45,33 рубљи.

Руската рубља ги преживеа двата најлоши дена во историјата

Рекордно висок курс доларот и еврото имаа на 16 декември, кога се менуваа за 80,1, односно за 100,74 рубљи.

Главна причина за падот на вредноста на рубљата е намалувањето на цените на нафтата. Друг важен фактор е кризата меѓу Русија и Западот поради украинската криза, која многумина веќе ја нарекуваат „нова судена војна“.

Освен тоа, во 2014 година во САД нагло се зголеми производството на нафта од шкрилци, со што САД станаа најголем произведувач на нафта во светот, значително намалувајќи го увозот на „црното злато“.

Од друга страна, нагло се заострија геополитичките ризици за инвестирање во руските активи поради кризата во Украина, приклучувањето на Крим во составот на Русија, војната во Донбас и санкциите против Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња