Влијаејќи на малите компании кои зависат од Русија, санкциите на ЕУ ќе доведат до домино ефект кои ќе удрат по германскиот извоз, како и компаниите чија дејност не е поврзана со Русија, пишува германскиот весник Suddeutsche Zeitung.
Според статистиката, уделот на германскиот извоз во Русија не е голем. „Сепак, експертите рано осознаа дека во одделни случаи зад голите цифри се кријат доста сериозни последици“, забележува изданието.
Станува збор за намалувањето на извозот на германските компании, со што се губи профит од седум милијарди евра. Овие цифри воопшто не треба да се наречат „занемарливи“, забележува весникот.
Според мислењето ме изданието, за некои претприемачи, компании и вработените – последиците можат да бидат големи. Големите компании можат да се акомодираат на мала загуба на приходите, но претпријатијата од малиот и средниот бизнис се наоѓаат под закана од исчезнување.
Сепак, експертите сметаат дека на удар ќе се најдат и оние компании, чиј бизнис не е воопшто поврзан со Русија. Тоа е условено од нивната зависност од малите фирми-испорачивачи. Весникот додава дека „нити една извозна статистика тоа не го зема предвид“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче