Во недела ќе биде лансиран нов сателит со помош на ракетата „Протон-М“

Лансирањето на ракетата „Протон-М“ со европскиот телекомуникациски сателит Astra-2G е планирано за недела од космодромот „Бајконур“, изјави за РИА Новости претставник од Роскосмос.

Лансирањето на ракетата „Протон-М“ со европскиот телекомуникациски сателит Astra-2G е планирано за недела од космодромот „Бајконур“, изјави за РИА Новости претставник од Роскосмос.

„Лансирањето е предвидено во 00:37 часот по московско време на 28 декември. Одделувањето на главниот дел со забрзувачкиот блок ‘Бриз-М’ се очекува во 00:47 часот по московско време. Програмата за лансирање ќе заврши во 9:50 по московско време со одделување на сателитот Astra-2G“, забележа соработникот во агенцијата.

Сателитот Astra-2G е изграден врз основа на платформата Eurostar E3000. Масата на апаратот изнесува 6 тони, а по отворањето, сончевите батерии ќе бидат долги 40 метри. Животниот век на сателитот се проценува на 15 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња