Наскоро во Русија може да се појави национален систем за рејтинг на високообразовните установи, изјави на конференцијата за печатот ректорот на Московскиот државен универзитет, претседател на Рускиот сојуз на ректори Виктор Садовничи.
![]() |
Московскиот државен универзитет меѓу петте најдобри универзитети од БРИКС |
Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ нареди на владата и Сојузот на ректорите да претстават предлози за создавање на годишен национален рејтинг на универзитетите во земјата.
„Ваков рејтинг ќе биде создаден. Првите резултатите најверојатно ќе бидат достапни следната година“, изјави Садовничи.
Според неговите зборови, веќе е создадена работна група која треба да ги определи принципите за создавање на новиот рејтинг.
Националниот рејтинг, според зборовите на Садовничи, треба да го покаже квалитетот на наставата, мислењето на дипломираните студенти и работодавачите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче