Иницирајќи нов глобален судир, Соединетите Држави сакаат да ја задржат сѐ послабата улога на светски лидер. Со ова тие само ги забрзаа процесите кои сакаа да ги забават, смета експертот Сергеј Михајлов.
На прв поглед се создава впечаток дека со „потпалувањето“ на кризата во Украина Вашингтон успеа да ги оствари своите основни цели: да ја скара Русија со ЕУ, како и да го забави нејзиниот економски развој. Но сако се процени ситуацијата од стратешка перспектива, тогаш станува јасно дека Америка „самата си стрела во нога“. Кина, која стои настрана од овој конфликт, е главен стратешки конкурент на САД. Како резултат на оваа криза, таа земја доби можност да ги засили своите позиции, смета Сергеј Михајлов, соработник во Центарот за евроатлантски истражувања.
„Ако се зборува од гледна точка на долгорочната стратегија, Соединетите Држави дејствуваат во полза на Кина. Мотивацијата на САД за ’казнување’ на Русија е очигледна. Тие сакаат да му покажат на целиот свет дека САД имаат монопол на правото за носење на важните надворешнополитички решенија - само САД можат да решат каде да ги менуваат границите и т.н.“, изјави Михајлов.
„САД забораваат дека Кина е главниот конкурент во борбата за идната светска хегемонија. И дури сега САД директно и индиректно ја поддржува Кина во тој процес“, смета Михајлов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче