Екипи од 24 држави ќе земат учество во „Тенковскиот биатлон“

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу забележа дека во тенковските натпревари во Русија ќе земат учество екипи од Кина, Пакистан, Латинска Америка и Африка.

Учесниците во „Тенковскиот биатлон“ во 2015 во Русија доаѓаат од 24 држави, вклучувајќи земји од Африка и Латинска Америка, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу за време на заседанието на Општествениот совет во Министерството за одбрана на Русија.

Во 2014 година Министерството за одбрана организираше неколку големи меѓународни натпревари, од кои најзначајни беа „Тенковскиот биатлон“ и „Авиадартс“. Во натпреварот по тенковски биатлон учествуваа екипи од 11 држави, а Кина учествуваше во натпреварот со сопствена техника.

„Испраќаме покани секому,  но не доаѓаат сите. За следната година веќе има пријавено 24 држави“, изјави Шојгу.

Тој забележа дека екипите од Кина, Пакистан, Латинска Америка и Африка веќе се подготвуваат за тенковскиот натпревар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња