САД: Русија не ги почитува принципите на СТО

САД ја обвинуваат Русија за непочитување на принципите на Светската трговска организација, се пренесува во извештај од канцеларијата на трговскиот претставник на САД.

САД ја обвинуваат Русија за непочитување на принципите на Светската трговска организација, се пренесува во извештај од канцеларијата на трговскиот претставник на САД.

СТО како терен за борба против санкциите

Авторите на извештајот забележуваат дека Москва користи „неоправдани мерки против многу од своите соседи, како и против САД“. Се подвлекува и дека во Русија растат протекционистичките тенденции.

„И покрај тоа што американската влада го намали нивото на билатералните односи со Русија како одговор на дејствата на Русија во Украина, ние ќе продолжиме да работиме преку СТО за да го следиме рускиот трговски режим и инвестирање“, се кажува во извештајот.

Шансите Русија да стане конструктивен учесник во СТО се намалени, пишуваат авторите. „Во првата година од членството постоеше надеж, но во втората веќе исчезна“, подвлекуваат тие. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.