![]() |
Путин вети отпор на надворешниот притисок |
Раководителот на Европскиот парламент Мартин Шулц повика да се создаде нов пакет секторски санкции против Русија, соопштува РИА Новости.
„Засега ќе се задржи сегашниот режим на санкции... Ни претстои создавање на уште еден пакет секторски санкции за да бидеме подготвени во случај на ескалација на конфликтот“, изјави Шулц за време на самитот на шефовите на членките на ЕУ.
Претходно Шулц се изјасни против ослабување на санкциите против Русија. Според него „ако расте економскиот притисок, расте и незадоволството кај луѓето и притисокот врз политичарите, што ги принудува истите да дејствуваат“. Тој додаде дека доколку се регулира состојбата во Украина, економската состојба во Русија „за брзо време ќе се подобри“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче