Западни медиуми: Русите масовно тргнаа во шопинг откако започна падот на рубљата

Весникот додава дека, „како и секогаш“, многу Руси реагирале на кризата со стоицизам и црн хумор.

На фонот на сѐ послабата рубља Русите тргнаа во шопинг, пишува The New York Times. Руските потрошувачи, плашејќи се да не ги изгубат своите заштеди (како што тоа се случи за време на финансиската криза во 1998 година), ги преплавија продавниците со желба да ги потрошат рубљите, пренесува весникот.

Руската рубља ги преживеа двата најлоши дена во историјата

Притоа, како што подвлекува весникот, признаци на паника засега нема. Нема никакви редици во банките ниту во менувачниците, пишува весникот.

Во статијата се напомнува дека поради корупцијата во Русија и „традиционалната недоверба“ кон државните институти, во „нормални“ времиња Русите претпочитаат да ги чуваат своите рубљи дома, но сега повеќето жители на државата сакаат да ги потрошат тие заштеди на било кој начин.

Младите професионалци во Москва заработуваат средна плата од 80.000 рубљи месечно, што до ескалирањето на кризата беше еквивалентно на 2.500 долари, пишува весникот. Оваа сума беше доволна за покривање на основните трошоци и за патувања по Европа сѐ до падот на рубљата. Во вторникот истите тие средства вредеа 1.000 долари, пишува изданието.

Освен тоа, весникот додава дека, „како и секогаш“, многу Руси реагирале на кризата со стоицизам и црн хумор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.