Камерон: падот на рубљата не ѝ дава на Русија право да остане член на финансискиот систем

Премиерот бара засилување на притисокот врз руските власти и воведување нови санкции против Москва.
Руската рубља ги преживеа двата најлоши дена во историјата

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон изјави дека Русија не може да остане член на светскиот финансиски систем, пренесува РИА Новости.

„Моменталната ситуација во државата (наглиот пад на курсот на рубљата) е предизвикана од комбинираното влијание на цените на нафтата и санкциите. Тоа не ѝ дозволува на Русија да остане член на светскиот финансиски систем. Ние ќе настојуваме на зголемување на притисокот“, изјави Камерон за време на својот говор во парламентот.

Премиерот бара засилување на притисокот врз руските власти и воведување нови санкции против Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња