Заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека Русија нема да им дозволи на Соединетите Држави да вршат притисок преку санкции и да ја наметнуваат својата волја во целиот свет, пренесува ТАСС.
Рјабков изрази загриженост поради донесениот закон во Сенатот на САД за „поддршка на слободата на Украина“, според кој санкции можат да бидат применети и против тие правни лица кои ќе се согласат да соработуваат со Русија.
„Тоа е неприфатливо решение кое сведочи за отсуство на било какво разбирање за тоа што се случува во светот“, забележа Рјабков.
Рјабков изјави дека Москва ќе одговори на новите санкции од страна на САД доколку истите бидат воведени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче