Русија не е држава со која може да се манипулира или да се управува однадвор, пишува Die Zeit.
Дебатите во Германија околу тоа каква политика да се води кон Москва се условени од поделбата меѓу оние кои ја следат состојбата во Русија со години, и меѓу оние кои тоа не го правеле или не можеле да го прават тоа, забележува Die Zeit.
Авторот на статијата смета дека само тие кои внимателно ја следат состојбата во Русија од почетокот на 90-те години можат да ги разберат промените и трансформациите низ кои поминува оваа земја сега.
Според мислењето на авторот - Русија е премногу голема држава за да реагира на „прегратките или одбивањето“ на Западот. Според него, оние кои сметаат дека Русија се развива „со дозвола од Западот“ ја навредуваат „оваа огромна европска земја“. „Русија се развива одвнатре“, констатира авторот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче