Унгарија, Италија и Кипар можат да стават вето на санкциите против Русија

За продолжување на санкциите потребна е едногласност на сите држави-членки на ЕУ.

Продолжувањето на рокот на санкциите против Русија, кој истекува во март 2015 година, може да биде ставено под знак прашалник поради позицијата на Унгарија, Италија и Кипар, пишува Euobserver.

Колку ЕУ ги омекна санкциите против Русија?

Според податоците на весникот, Будимпешта, Никозија и Рим водат преговори со Москва околу ова прашање.

За продолжување на санкциите потребна е едногласност на сите држави-членки на ЕУ.

Продолжувањето на санкциите „не изгледа толку едноставно, бидејќи неколку држави сакаат поширока дискусија“ околу ова прашање, забележа извор во ЕУ на кој се повикува изданието. Унгарија, Кипар и Италија се сојузници на Русија кога станува збор за продолжувањето на санкциите, смета неименуваниот извор.

Според податоците на весникот, за санкциите се колеба и Чешка. Најсилна позиција околу санкциите има Велика Британија, балтичките земји, Полска и Шведска, пишува Euobserver. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња