Делхи му прати знак на Вашингтон дека претпочита да соработува со Москва

Нерендра Моди прати јасен сигнал до Вашингтон - САД можат да не очекуваат ексклузивни односи со Индија.

По неколку дена откако во Индија со голема помпезност беше објавено дека во јануари во оваа држава ќе допатува со официјална посета Барак Обама, премиерот на Индија Нерендра Моди потпиша неколку важни договори со рускиот лидер Владимир Путин, пишува The Christian Science Monitor. Впрочем, договорите во воената област и енергетиката зборуваат самите за себе, забележува изданието.

Откако започнаа проблемите за Русија со Западот, оваа земја се сврти кон својот стар пријател - Индија пишува весникот, забележувајќи дека однесувањето на Моди околу рускиот претседател било релаксирано и исполнето со пријателство.

Нерендра Моди прати јасен сигнал до Вашингтон - САД можат да не очекуваат ексклузивни односи со Индија, заклучува The Christian Science Monitor. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња