![]() |
Источната политика сега е руска |
Новиот гасовод, кој треба да биде изграден во Турција наместо „Јужен тек“, може да биде наречен „Турски тек“, изјави претседателот на Турција Реџеп Ердоган, пренесува РИА Новости.
„По предлогот на претседателот Путин, ние решивме новиот ’Јужен тек’ да го наречеме ’Турски тек’. Тој ќе биде изграден од Русија преку Црното море до Турција кон границата со Грција. Турција и Европа ќе можат да користат гас во зависност од нивните потреби. На овој начин Турција ќе стане главен енергетски хаб во регионот“, изјави Ердоган.
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека проектот „Јужен тек“ објективно е замрзнат и не се предвидени повеќе предлози за негова изградба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче