Западни медиуми: нафтата и доларот удрија по Русија и другите држави во развој

Падот на валутите на државите има и позитивни страни - нивниот извоз може да стане поконкурентен, а увозот да стане поскап.

Сѐ пониските цени на нафтата и курсот на доларот удрија по Русија и другите пазари во развој, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, во понеделникот индексот JP Morgan Emerging Market Currency, кој ги покажува состојбите на националните валути на пазарите во развој - падна до најниското ниво од времето на неговото создавање во 2000 година.

Како реагираат Русите на падот на рубљата

Посилниот долар продолжи да врши притисок врз вредноста на нафтата Brent: во понеделникот еден барел се продаваше за 66 долари. Изданието напомна дека од почетокот на годината цената на нафтата паднала за 40%.

Русија, која се обидува да се справи со последиците на западните санкции, неодамна го преживеа најсериозниот пад на вредноста на рубљата од почетокот на финансиската криза во 1998 година, пишува весникот. Претходно нигериската најра имаше најголем пад на својата вредност поради силниот долар, додаде весникот. Моменталната економска ситуација влијае и врз големите нафтени увозници, кои би требало да имаат голема добивка од сѐ поевтината нафта, вклучувајќи ја и Турција и ЈАР, се забележува во статијата.

Падот на валутите на државите има и позитивни страни - нивниот извоз може да стане поконкурентен, а увозот да стане поскап.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња