Руските противвоздушни сили за време на мартовските случувања на Крим собориле американско беспилотно летало, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на информација објавена во посебното издание, подготвено по повод одбележувањето на стогодишнината од руските ПВО сили.
Во специјалното издание се наведува дека „украинската страна пробала да организира извидување од воздух над територијата на Крим со помош на беспилотни летала. Леталото било во сопственост на 66-та американска бригада, која во тој момент била префрлена во реонот на Кривоград во Украина“.
„Преземените мерки овозможиле соборување на две беспилотни летала од израелско производство од типот MQ-5B Hunter. Едното од нив на 10 март го собориле доброволците од градот Армјанск на Крим, а другото на 13 март со помош на рускиот систем за радарско извидување 1Л222 „Авиобаза“, се наведува во изданието.
Претходно беше соопштено дека на Крим е формиран ПВО систем кој е во состојба да одбие напад од средствата за воздушен напад. Во неговиот состав влегуваат „Панцири“ и С-300ПМУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче