Заменикот министер за одбрана на Русија, генерал полковник Павел Попов, изјави дека Министерството за одбрана на Русија ја утврди програмата за „Создавање на воена роботска техника до 2025 година“, пренесува РИА Новости.
„За годинава создадена е утврдена програмата за создавање на роботска техника до 2025 година“, соопшти заменикот министер за одбрана.
Воено-научниот комплекс, заедно со органите на воената управа, веќе создаде концепција за примена на роботските воени комплекси до 2030 година, напомна Попов. Формирана е комисија при Министерството за одбрана за развој на роботската техника, со која лично ќе раководи Сергеј Шојгу.
„Паралелно со создавањето нови технологии планираме и да организираме подготовка на специјалисти за користење на истите. Таа задача ќе ја решиме преку системот за дополнително професионално образование во Министерството за одбрана на Русија“ изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче