Путин: За Русија подготвуваа „југословенско сценарио“

Владите на некои држави се обидуваат околу Русија да изградат железна завеса, забележа шефот на руската држава.

Зборувајќи во Федералното собрание на Русија, Владимир Путин изјави дека една од цените на Западот е да се ослаби Русија и да се подготви за неа „југословенско сценарио за распад“.

Путин вети отпор на надворешниот притисок

„Оваа политика не е измислена вчера... таа се спроведува кон нашата држава веќе децении, а можеби и столетија... Сепак, бесполезно е да се разговара со Русија од позиција на сила“, изјави претседателот.

„Врз Русија своевремено сакаа да применат југословенско сценарио за распад со сите трагични последици кои можат да произлезат од него... Но не се случи тоа. Ние не им дозволивме...“, изјави Путин.

Владите на некои држави се обидуваат околу Русија да изградат железна завеса, забележа шефот на руската држава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња