Шефот на МНР на Унгарија Петер Сијарто изјави дека во иднина државата ќе треба да бара нови извори на гас поради прекинот на реализацијата на проектот за изградба на „Јужен тек“, објавено е во соопштение на интернет-страницата на унгарската влада.
„Русија има право да донесе такво решение, и Унгарија го почитува тоа“, изјави Сијарто.
Меѓу можните алтернативи за снабдување со гас, Сијарто го издвои Азербејџан, кој веќе испорачува гас во Централна Европа. Според зборовите на министерот, ќе бидат разгледани и други варијанти.
Претходно беше изјавено дека Киев е задоволен од затворањето на проектот „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче