До 2035 година производството на нафта во Русија ќе остане стабилно

Се забележува стабилност во производството на нафта преку активирање на нови наоѓалишта.

Министерството за енергетика на Русија предвидува дека производството на нафта нема да се промени до 2035 година, изјави Александар Гладков, директор на одделот за производство и транспорт на нафта и гас во министерството, а пренесува РИА Новости.

 

„Се забележува стабилност во производството на нафта преку активирање на нови наоѓалишта“, изјави Гладков.

Се очекува Русија да ја заврши годината со произведени 526 милиони тони нафта и 650 милијарди кубни метри гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња