![]() |
Како забранетите производи доаѓаат во Русија |
Русија од 3 декември го ограничи увозот на месо од Црна Гора, Италија и Унгарија поради болеста „син јазик“, како и птичјо месо од Германија поради птичјиот груп, соопштено е на интернет-страницата на Федералната ветеринарна и фитосанитарна инспекција.
Овие ограничувањата можат да останат на сила и по укинувањето на ембаргото кое Русија го воведе во август, јавува РИА Новости.
Освен тоа, во средата шефот на Федералната ветеринарна и фитосанитарна инспекција Сергеј Данкверт изјави дека инспекцијата донела одлука од 8 декември да се забрани увозот на земјоделски производи од Албанија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.