Латвиски медиуми: треба да се размислува што ќе се случи по укинувањето на санкциите

Кога Русија повторно ќе ни биде пријател ќе се појави прашањето: чии производи таа ќе увезува и која држава ќе ја користи за снабдување на Северозападниот регион и извоз на стоки, пишува латвиското издание.

Наместо силната реторика кон Москва, политичарите најдобро ќе биде да размислат што ќе се случи кога Русија повторно ќе биде пријател на САД и ЕУ, смета аналитичарот Егонс Мудулис, а пишува весникот Dienas bizness.

Сосема неодамна, забележува Мудулис, поранешниот претседател на САД Џорџ Буш го нарече Владимир Путин „пријател“. Денес бројот на „пријатели“ на Путин е намален, но историјата нѐ учи дека условите и ситуациите се менуваат, пишува авторот на статијата.

Според авторот, треба да се размисли што ќе се случи кога Русија повторно ќе биде пријател на САД и Европската унија, кога ќе се појави прашањето: чии производи таа ќе увезува и која држава ќе ја користи за снабдување на Северозападниот регион. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња