Министерство за одбрана: последиците од несреќата на „Фукушима“ не се закана за Русија

Тоа го покажуваат резултатите од експедицијата која ја испитуваше радијацијата на северозападот на Тихиот океан.

Последиците од несреќата во јапонската нуклеарна централа „Фукушима-1“ не претставуваат опасност за руското крајбрежје на Далечниот Исток – сведочат податоците од истражувањата извршени од учесници во експедицијата за мониторинг на радијацијата на северозападот на Тихиот океан, се кажува во соопштение на Министерството за одбрана на Русија, а пренесува РИА Новости.

За време на експедицијата, која се одржа од 25 септември до 25 октомври на научно-истражувачкиот брод “Професор Хљустин“, освен воени специјалисти, зедоа учество и соработници од државната корпорација „Росатом“ и други руски институции.

„Мерењата на состојбата со радијацијата беа извршени во водите на Охотското и Јапонското море, како и во северозападниот дел на Тихиот океан. Вкупната должина на маршрутата изнесува 4,5 илјади морски милји. За време на истражувањата се користеше опрема за мерење во сопственост на руската армија“, се забележува во соопштението.

Добиените податоци покажуваат дека последиците од несреќата на „Фукушина“ не претставуваат опасност за реоните на руското крајбрежје на Далечниот Исток.

Најголемата нуклеарна катастрофа по онаа во Чернобил се случи на „Фукушима-1“ по силниот земјотрес на 11 март 2011 година. По земјотресот се создаде бран цунами во висина од 14 метри кој погоди четири од шесте реактори во „Фукушима-1“ и го онеспособи системот за ладење. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња