Во Новосибирск научниците од Институтот за нуклеарна физика „Г.И.Будкер“ ќе создадат функционален прототип на нуклеарен реактор, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на заменикот директор на Институтот Александар Иванов.
„Треба да создадеме прототип на функционална термонуклеарна станица во Академгородок, каде собравме голема база на податоци и технологии“, изјави Иванов.
Како гориво ќе видат користени изотопи на деутериум, а не тритиум. Користењето на тритиумот, според мислењето на научниците, иако и дава значителни количини енергија, носи и до значително исфрлање на неутрони. Плазмата во реакторот ќе се загрева до 10 милиони степени.
Новиот реактор може да биде користен и како термонуклеарен реактор, и како апарат за преработка на радиоактивни отпадоци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче