Роскосмос: нов сателит ГЛОНАСС ќе биде лансиран на 1 декември

Орбиталната група ГЛОНАСС засега се состои од 24 активни сателити.

На 1 декември е планирано лансирање на нов вселенски апарат од новата генерација „ГЛОНАСС-К1“. Лансирањето ќе биде извршено од космодромот Плесецк со помош на ракетата-носач „Сојуз-2.1б“, пренесува прес-службата на Роскосмос.

 

„Лансирањето на ‘ГЛОНАСС-К1’ од космодромот Плесецк е планирано за 1 декември околу 00:52 часот по московско време“, изјави претставник на Роскосмос.

Во моментов системот ГЛОНАСС се состои од 28 сателити, од кои 24 се користат, еден е во тест-фаза, два служат како орбитална резерва, а врз еден се вршат летни тестирања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња