Војниците на САД ќе останат во Полска и балтичките земји во текот на 2015 година поради заканите од Русија, изјави во Вилнус шефот на европската команда на американската војска генерал-поручник Фредерик Хоџис.
„Вооружените сили на САД ќе останат овде во Литванија, Естонија, Летонија и Полска онолку колку што е потребно да се контролира руската агресија“, изјави Хоџис, а пренесува РИА Новости, повикувајќи се на агенцијата „Франс-прес“.
Од април годинава во Полска, Естонија и Литванија се стационирани 600 припадници на американските десантни сили. Балтичките земји и Полска претходно бараа американските војници да бидат постојано присутни во регионот. САД изјавија дека почесто ќе реализираат воени маневри од балтичките земји, но и дека не планираат во регионот да остават постојан контингент.
Поради ситуацијата во Украина НАТО презеде низа мерки кои Алијансата ги објаснува со желбата да ја зачува безбедноста на земјите-членки. Мисиите за патролирање над балтичките земји се интензивирани со авиони кои носат радарска опрема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.