Путин смета дека повеќето Руси имаат негативно мислење кон политиката на САД

Претседателот на руската држава изјави дека Русите немаат ништо против американскиот народ.

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека повеќето Руси имаат негативно мислење кон политиката на САД, пренесува коресподент на „Газета.ру“.

Оваа изјава ја даде шефот на руската држава за време на својот говор во „Форумот за дејство“.

„Сметам дека САД и американскиот народ повеќе ги сакаат во Русија отколку обратното. А што се однесува на политиката на владејачката класа во САД, повеќето Руси најверојатно имаат негативно мислење“, изјави претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња