Русија бара од САД да ги предаде снимките од падот на Боингот

Шефот на ДНР смета дека Холандија ја кочи истрагата за Боингот.

Русија настојува САД да ги предадат сателитските снимки од падот на Боингот во Украина, изјави Андреј Келин, постојан претставник на Русија во ОБСЕ.

„Продолжуваме да  бараме САД да ги испорачаат нивните сателитски снимки. Тие не можеа да видат што се случуваше на тоа место во тој ден“, забележа Келин. „Нам ни требаат и разговорите на диспечерите кои се наоѓаат кај украинската страна“.

Претходно шефот на самопрогласената Донецка народна република Александар Захарченко ја обвини Холандија за задршките во истрагата околу Боингот.

„Ние изјавувавме и ќе изјавуваме дека правиме сѐ за да се изврши објективна истрага. Ако треба уште нешто да се направи - ќе направиме. Сите задршки се на одговорност на холандската страна“, забележа шефот на ДНР.

Според неговите зборови, од страна на властите на самопрогласената република се обезбедени транспортот и обезбедувањето, потребно за да може гарантирано и безбедно да се соберат сите остатоци од авионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња